top of page

Благодарам

што се интересирате за мојата колекција на апстрактни дигитални слики.

За апстрактното


Апстрактната уметност е безгранична и им дава можност на луѓето да го спознаат уметничкото дело од сопствена перспектива.
Сите ние може да стоиме пред една иста апстракција , да ја посматраме и секој да остане со сопствената идеја за сликата.  Нашето лично животно искуство, емотивната состојба, нашите предрасуди, чувството за естетски вредности не водат до главната мисла. Токму тоа е убавината. Добивате можност сами да го истражувате делото и да чепкате во сопствената имагинација.

    Апстрактното дело ја поттикнува човековата креативност.  Го свртува човекот кон нови идеи и го прави пофлексибилен на промени. Апстрактното Ве учи да видите без да именувате и да чувствувате додека гледате. Тоа Ве запознава со нов јазик на комуникација.

    Комбинациите од бои, нијанси, сенки и форми во моите слики помагаат да се чувствувате добро, релаксирано и вдахновено. Тие се одбрани мошне внимателно зошто секоја нијанса од спектрумот на бои има посебно влијание на човечкиот ум, неговото расположение, мотивација и интелигенција.

Секоја од моите слики има своја порака која  е пренесена експлицитно од моја страна, поткрепена со нечиј цитат или содржана во самиот назив.

Се надевам дека моите апстракции ќе донесат светлина и радост во Вашиот животен или работен простор и ќе Ве охрабрат во остварување на Вашите цели.

 

Уживајте во моите апстракни слики

ЕМА

ABSTRACT   DIGITAL   ART

bottom of page